Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Заврши расправата за Советот за јавни обвинители, ќе се гласа утре

Заврши расправата за Советот за јавни обвинители, ќе се гласа утре
300x250 opst2

Скопје, 15 февруари 2020 (МИА) – Собранието попладнево ја заврши расправата по Законот за Советот на јавните обвинители на Република Македонија, но не гласаше иако имаше услови за тоа, поради тоа што, како што рече претседателот Талат Џафери, тој е во тесна врска со законот за јавно обвинителство, за кој расправата, исто така е завршена, но не беше обезбедено двотретинско мнозинство за да биде донесен.

Продолжението на оваа 135-та седница Џафери го закажа за утре во 11 часот, кога треба да се гласа и за двете точки. За утре е закажана и седница на која треба да се распушти Парламентот, за да се одржат предвремените парламентарни избори.

Расправата помина со меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата за партизирање на правосудните органи, за тоа кој направил државата да биде заробена или да има хибриден режим. За пратениците од власта ова законско решение е добро, ќе го подобри работењето на Советот за јавни обвинители. Со тоа, рекоа, ќе се унапреди функционирањето на правдата и правната држава. Нивните колеги од опозцијата сметаат дека ова е решение кое се носи за, како што посочија, мафијата да може да управува со правосудниот систем.

Собранието продолжи со работа по 123. седница на чиј дневен ред, меѓу другите, се и измените и дополнувањата на Законот за одбрана. На седницата, освен овој закон, се уште триесетина законски решенија, меѓу кои и измените за Изборниот законик предложени од група пратеници за една изборна единица, отворени листи и еднаква родова застапеност на листите, за кои се поднесени неколку илјади амандмани, како и дополнетиот предлог закон за Академија за судии и јавни обвинители. сст/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник

ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и повеќе кичевски села