Утрински Весник
Македонија

Заврши првата фаза од реконструкцијата на булевар „АСНОМ“ во Скопје

Заврши првата фаза од реконструкцијата на булевар „АСНОМ“ во Скопје

Скопје, 17 мај 2020 (МИА) – Екипите на Град Скопје, со нанесување на последниот асфалтен слој на коловозот на булевар „АСНОМ“ во Општина Аеродром, викендов ја завршија првата фаза од реконструкцијата на овој булевар, на потегот од крстосницата со улица „Васко Карангелевски“, до крстосницата со булевар „Србија“ кај мостот „Близнак“.

Како што соопшти Град Скопје, проширениот булевар добива по три коловозни ленти во двете насоки, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на булеварот и средишно зеленило.

– По завршувањето на оваа фаза, булеварот преку новиот мост, којшто е веќе во изградба, треба да се поврзе со населбата Ќерамидница во Општина Гази Баба, а оттука и Аеродром ќе добие нова сообраќајна релација кон Центар кај поранешен Скопски саем, се додава во соопштението на Град Скопје. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сообраќајка во Охрид, двајца возачи имале забрани, возилата им се одземени

Средба на Сиљановска-Давкова со претседателот на ОАЕ, шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан

СДСМ: Со кои други функционери од ВМРО има релации криминалецот Симе?