Утрински Весник
Македонија

Заврши најдолгиот полициски час

Заврши најдолгиот полициски час

Скопје, 21 април 2020 (МИА) – Утрово во 05:00 часот заврши најдолгата 85-часовна забрана за движење на целата територија на државава, која почна во петокот од 16:00 часот.

Изминатите 85 часа полицијата привела повеќе лица кои не ја почитувале забраната за движење и за нив ќе бидат покренати соодветни прекршочни пријави.

Полицискиот час од денеска продолжува како во работните денови во изминатата седмица од 16 часот попладне до 5 наутро. Во сила е забраната за групирање на повеќе од две лица, освен за родители со деца до 14 години. На повозрасните од 67 години дозволено им е да излезат надвор од домот од 10 до 12 часот, а на младите до 18 години – од 13 до 15 часот.

Сопствениците на кучиња може да ги изнесат надвор своите миленици од 20 до 20:30, и притоа да не бидат подалеку од 100 метри од објектот во кој живеат.

Движењето за време на полициски час им е дозволено само на категории граѓани кои имаат работни обврски и поседуваат дозволи што ги издава Министерството за информатичко општество и администрација.

Автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници од денеска продолжуваат да сообраќаат во две смени, односно од 5 до 9 часот, па од 13 до 16 часот.

Како што соопштуваат од ЈСП, автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 часот кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред.

Премиерот Оливер Спасовски најави дека се прави сериозен план за тоа како и на кој начин после 1 Мај да се почне со олеснување на некои од мерките, а кои ќе бидат во функција на враќање на животот во нормала. дма/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДЗР: Низок процент на опфат на скрининзите за рак на дојка и матка, 80 отсто од пациентките со рак почнуваат со лекување во подоцнежни стадиуми на болеста

Шпанец фатен на скопскиот аеродром со 1.463 парчиња пирсинг

Промоцијата на наградениот филм „Малдорор“ се заокружува со три проекции во Кинотека