Штип, 7 мај 2020 (МИА) – Градежните машини денеска завршуваат со поставување на асфалтот на улицата „Коле Неделковски“, која долги години беше дотраена, а се возеше по коцка, наместо на асфалт.
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски при денешниот увид истакна дека изминатиот период се работеше на комплетна промена на водоводната и канализационата линија, вадење на коцката, тампонирање, асфалтирање, нови рабници и пешачка површина.
– Сакам да се заблагодарам на граѓаните поради трпението, бидејќи имаше мал застој во работните активности поради вонредната ситуација и корона вирусот. После 40 години извршена е комплетна реконструкција на 1700 метри квадратни улица и 700 метри квадратни површина за пешаци. Претходно е реконструирана водоводната и канализационата мрежа, рече Бочварски.
Ова е комплетна инвестиција на Општина Штип, во реконструкција на улицата и тротоарите се потрошени околу 4,2 милиони денари, а за водоводната и канализационата мрежа 715.000 денари. вдј/фф/