Утрински Весник
Македонија

Завршија активностите од проектот „Култура во време на корона“

Завршија активностите од проектот „Култура во време на корона“

Запираат маалските концерти кои беа дел од проектот „Култура во време на корона“, информираат од Град Скопје. Од општината најавуваат дека наскоро ќе излезат со адаптирани програми усогласени со идните препораки на Владата.

„Она што е важно за овој проект е дека сите изведувачи беа еднакво платени со минимален износ од 14.500 денари, вклучувајќи ги големите имиња и младите таленти, со цел да се овозможи што поголем број на учесници и што поголем дофат на социјалните ефекти од мерката“ изјави Никола Наумовски, шеф на кабинетот на градоначалникот на Град Скопје.

Директорот на Универзална сала, Филип Аврамчев информираше за финансиите на кампањата.

„Потрошени се 2.7 милиони денари од градскиот буџет, за хонорари на 168 уметници, културни работници и технички лица, покрај ангажираните вработени од МКЦ, КИЦ и Универзална сала“ – изјави тој.

Досега се реализираа над 50 настани на кои настапија повеќе од 200 изведувачи во осум различни општини во Скопје. Завршниот концерт од програмата го одржа групата „Суперхикс“ на плочникот кај зградите до Педагошкиот факултет во Карпош.

По позитивниот прием во јавноста, Градот Скопје планира овој проект да го претстави како свој адут во кандидатурата за Европска престолнина на културата за 2028 година.

Маалските концерти доаѓаат како резултат на барањата на иницијативата „Културата е насловна страна на секое општество“ кои беа поддржани од ЈАДРО – асоцијација на независната културна сцена и Синдикатот на Културата (СКРМ), за заштита на социјалната состојба на уметниците од независната културна сцена, а се изработени од Младинскиот Културен Центар како институција со најголема поврзаност со независната култура.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ