Утрински Весник
Македонија

Завршени неколку капитални комунални проекти во Кавадарци

Завршени неколку капитални комунални проекти во Кавадарци

Кавадарци, 15 април 2020 (МИА) – Завршени се неколку капитални комунални проекти во Општина Кавадарци.

Како што информираат од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев, општината  и ЈП „Комуналец“ преку ангажираната оператива го привршуваат реализирањето на проектот  за реконструкција на средната зона од градската водоводна мрежа.

– Досега се завршени 90 отсто  од работите на овој капитален комунален проект на општината.
Деновиве се врши и асфалтирање на улицата „14 Мај“,  која е дел од трасата на која се изведуваа градежните работи, соопштуваат од градоначалничкиот кабинет.

Оттаму додаваат дека со средства од „КФВ“ банката,  на потегот од „Кавадаречки дол“ до „градскиот базен“, се изврши реконструкција на главната водоводна линија од „средна зона“ на вкупна должина од 1330 метри.

– Интервенции се извршија и на главната линија кон „Дрекслмајер“ и Росоман. На овој потег,  освен на главната, се интервенираше и на секундарната мрежа,  на повеќе улици беа заменети старите и дотраени цемент-азбесни цевки со нови еколошки на база метал и пластика, нагласуваат од кабинетот на Јанчев.

Општината, велат,  реализираше и замена на дел од мрежата на фекалната канализација.

– Овој капитален комунален проект има за цел значајно да го подобри водоснабдувањето, како и квалитетот на дистрибуираната санитарна вода до граѓаните. Воедно на минимум би се довела можноста од евентуални дефекти во мрежата, информираат од градоначалничкиот кабинет.свд/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер