Утрински Весник
Македонија

Завршена првата фаза од проектот за подобрување на водоводниот систем во Горно  Врановци

Завршена првата фаза од проектот за подобрување на водоводниот систем во Горно  Врановци

Велес, 11 мај 2020 (МИА) – Општина Чашка со зафаќањето на нов извор и вградувањето на 1.550 метри водоводно црево од страна на месното население во координација со ЈПКД Тополка на крајот на април ја заврши првата фаза од подобрувањето на водоснабдителниот систем во ова населено место.

Како што информира за МИА градоначалникот на Чашка Горан Стојановски, после 23 мај, во втора фаза ќе бидат изградени водоводни шахти со приклучни водоводни фасонски елементи и поврзување во постоечкиот резервоар за вода.

Вредноста на проектот е околу 250.илјади денари, средства обезбедени од буџетот на општина Чашка.

Со зафаќањето на новот извор со чиста планинска вода кој  се наоѓа  на 1.500 метри надморска височина на  планината Јакупица, двојно повеќе ќе се подобри капацитетот од сегашниот со водоснабдувањето на централниот водовод. Воедно, со тоа  ќе се реши деценискиот проблем со недостиг на вода за жителите, како и подобрување на условите на живот на населеното место, потенцира Стојановски.

Во Горно Врановци освен месното население има и викенд населба, во која свои викенд куќи имаат жители од Велес и Скопје.ад/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведен крадец баран со потерница

ВМРО – ДПМНЕ: Во МЕПСО направена 14 милиони евра штета долгови на фирми трговци со струја, меѓу кои и на синот на Муса Џафери

115 санкционирани возачи во Скопје