Утрински Весник
Македонија

„Зависности кај деца и млади во време на пандемија” – онлајн разговор на Фејсбук страната на ХОПС

„Зависности кај деца и млади во време на пандемија” – онлајн разговор на Фејсбук страната на ХОПС

Утре во 19 часот, на Фејсбук страната на ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, ќе биде организиран онлајн разговор, каде во
коментари ќе можете да ги поставите вашите прашања на тема: „Зависности кај деца и млади во време на пандемија“.

Организаторите на настанот посочуваат дека состојбата со пандемијата Ковид-19 дополнително ги влошила проблемите со кои се соочуваат децата и младите кои употребуваат дроги. Проблемите се здравствени (пристап до медицински установи и здравствена заштита), психолошки (страв за нивниот живот, стрес, вознемиреност) и економски (губење на работата или губење на работата на нивниот родител).

„Во време на Ковид-19, нашите психолози кои работат во Центар за рехабилитација и ресоцијализација, имаа зголемен број повици од родители на деца и млади кои употребуваат дрога, барајќи психолошка поддршка во овие времиња“, велат од здружението ХОПС.

Како што додаваат, во земјата сè уште не постои државно финансирана национална програма за третман, рехабилитација и ресоцијализација на деца под 18 години.

„ХОПС работи на овој проблем долги години, а во 2018 и 2019 година го иницираше и олесни процесот на подготовка на ‘Програмата за третман и грижа на малолетни лица кои употребуваат психоактивни супстанции’. За жал програмата сè уште не е усвоена од националните власти“, додаваат од здружението.

На оваа тема соговорници ќе бидат: Деспина Стојановска -Психолог и Дарко Богески – активист и параправник во ХОПС, додека разговорот ќе го модерира Благородна Коцева Симјанов.

Настанот е поддржан од OSCE Mission to Skopje, во рамки на проектот: „Живеење со зависност – подобрување на менталното здравје и квалитетот на живот на децата и младите кои употребуваат дроги за време на пандемската криза на Ковид-19”.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја