Утрински Весник
Свет

Забранет влез за тимот на СЗО во Вухан и во Кина

Забранет влез за тимот на СЗО во Вухан и во Кина

Тимот од Светската здравствена организација, кој требаше да го испита потеклото на Ковид- 19 во Вухан, бил спречен да влезе во Кина. Двајца членови веќе беа на пат кон земјата, но едниот од нив се врати, додека другиот член е во транзит во трета земја. СЗО соопшти дека има проблем со визите.

Пекинг и СЗО, по неколкумесечни преговори, се договорија за долгоочекуваната истрага во декември.Вирусот првпат беше откриен во Вухан на крајот на 2019 година, а почетокот на ширењето на инфекцијата е поврзан со тамошниот пазар.

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека е „многу разочаран“ што Кина сè уште не ги завршила дозволите за доаѓање на тимот „со оглед на тоа што двајца членови веќе тргнале на пат, а другите биле спречени да тргнат во последен момент“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Милановиќ во ООН повика на признавање на палестинската држава

Над 60 полицајци повредени во вчерашните протести во Италија

Бил Гејтс донира над 900 милиони долари за борба против СИДА, маларија и туберкулоза