Утрински Весник
Магазин

Забранет влез за пејачот Владо Георгиев во Црна Гора до 2030 година

Забранет влез за пејачот Владо Георгиев во Црна Гора до 2030 година

Полициската управа на Херцег Нови му забрани влез на српскиот пејач Владо Георгиев во Црна Гора до 2030 година, соопшти адвокатската канцеларија Томановиќ, надевајќи се дека оваа одлука ќе биде поништена.

Како што се наведува, Министерството за внатрешни работи најпрво ја усвоило жалбата на канцеларијата на Томановиќ, која го застапува Георгиев, во која се наведува дека забраната за влез е законски неодржлива, бидејќи не е наведена причината поради која тој би бил забранет. Но, потоа полициското одделение во Херцег Нови на Георгиев му изрекло забрана за влез за 10 години.

„Во меѓународната правна практика, секогаш постои форма на деградирачки третман на индивидуа кога државата постапува без легитимна цел, непропорционално и наменско навредување на поединецот, затоа што странец има права загарантирани со бројни меѓународни правни документи при влез во земјата“, наведува адвокатската канцеларија.

Во соопштението се изразува уверување дека второстепениот орган ќе ја прифати правната аргументација и ќе ја откаже забраната за влез на Георгиев во Црна Гора.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Три хороскопски знаци кај кои самодовербата лесно преминува во суета

Спиењето во целосна темница може да го намали ризикот од срцеви заболувања

Тие се најголемите хипохондрици во хороскопот и животот е тежок со нив