Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Забрана за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка

Забрана за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
300x250 opst2

Од 11:00 ч. на патниот правец Тетово – Пoпова Шапка се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси, информира АМСМ.

Известуваат дека од 07.02.2022 па се до 19.02.2022 ќе се изведуваат грaдежни активности – на дел од државниот пат А2 на потегот од клучка Миладиновци до клучка Кадрифаково на седум локации, ќе се поставува видео надзор на дел од клучките поради што ќе има затварање на една сообраќајна лента (брза лента) во период од 2 часа за секоја клучка, а во времетраење од 10 работни дена.

Сообраќајот на државните патишта се одвивa по претежно влажни коловози,а на повисоките места со остатоци од кашест снег по интервенција од дежурните екипи на ЈП Македонија пат.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Сериозен дефект во Влае санацијата одложена за утре поради недостиг на луѓе и машини

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места