Утрински Весник
Македонија

Забрана за камиони на патот Гостивар-Стража

Забрана за камиони на патот Гостивар-Стража
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) – Поради врнежи од снег попладнево од 15:50 часот на патниот правец Гостивар-Стража е воведена забрана за товарни моторни возила, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Претходно, во 15 часот, беше воведена забрана за камиони и на патот Маврово – Дебар.

Невремето проследено со силен ветер, дожд и повремено со снег, што го зафати попладнево подрачјето на Дебар, Река и Жупа предизвка помали одрони на патните правци во овој регион, поради што од дебарската секција на „Македонија пат“ препорачуваат многу внимателно возење, посебно по клисурата на реката Радика.

Синоптичарите за попладнево најавија повеќе врнежи во северозападните делови и зголемување на снежната покривка на планините. На планините ќе има и појава на снежни наноси поради силниот ветер. лв/вт/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Дожд и снег утре, од петок стабилизација и студени утра

СДСМ: „Манасије српски“ – првиот македонски бот

Новогодишен базар со музика и забава во Ѓорче Петров