Утрински Весник
Македонија

Забрана за влез и излез со јавен превоз во Куманово, препорака за редуцирање или затворање на фабриките и продавниците

Забрана за влез и излез со јавен превоз во Куманово, препорака за редуцирање или затворање на фабриките и продавниците

Скопје, 24 март 2020 (МИА) – Владата на денешната седница ја дополни одлуката за забрана за влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово, и им препорача на економските оператори со големи производствени и продажни капацитети во оваа општина да го приспособат своето работење со редуциран број на вработени, или целосно да ги затворат.

-Со Одлуката за дополнување на Одлуката за забрана и посебен режим на движење во општина Куманово, им се препорачува на економските оператори што имаат големи производствени и продажни капацитети на подрачјето на територијата на општина Куманово да го приспособат своето работење со редуциран број на вработени, имајќи ја предвид забраната за влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железнички патнички јавен превоз или целосно да ги затворат производствените и продажните капацитети, соопшти Владата.

Со оваа одлука, како што се наведува во соопштението, се задолжуваат Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје да подготват посебен план со екипи за да се преземат сите потребни мерки и активности за да се спроведе поголем број на тестирања на подрачјето на територијата на општина Куманово, со цел континуирана детекција и организација на следење на состојбата со бројот на инфицирани лица од коронавирусот, за поефикасен третман на истите, како и да се упати стручен медицински персонал и да се обезбеди техничка помош за потребите на Општа Болница – Куманово.

Оваа одлука влегува во сила од 25 март годинава.бт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош