Утрински Весник
Македонија

Забраната за движење не ја почитувале 77 лица, 46 се приведени

Полицискиот час во изминатото деноноќие не го почитувале 97 лица

Во Скопје, 18 април 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР, евидентирано е дека на ниво на целата држава 77 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 46 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Како што соопшти МВР, според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 219 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. цр/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Директор си пишувал прекувремени часови додека бил на годишен одмор

САД даваат пет милиони долари за поддршка на кибернетската безбедност во Македонија

Тетовец прободен со нож поради конфликт во сообраќај