Утрински Весник
Македонија

Забраната за движење не ја почитувале 164 лица, едно лице не се придржувало на мерките за самоизолација

Полицијата растерала поголема група млади на Водно

Скопје, 5 април 2020 (МИА) – Во текот на изминатите 24 часа (04/05.04.2020) на ниво на целата држава евидентирани се 164 лица кои не ја почитувале забраната за движење, при што 122 се приведени, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, информира МВР.

Во текот на изминатото деноноќие, посочуваат од МВР, на 264 лица во земјава им се издадени решенија за изолација, а 24 лица потпишале изјави за самоизолација.

-Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и утврдено е дека едно лице не се придржувало на мерките за самоизолација, соопшти МВР. вј/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трајановски: Делницата од Врбјани до Охрид, со прекин кај Ботун, ќе биде пуштена во употреба до 11 или 12 јули

На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час

Мицкоски: Успеавме да го амортизираме ударот кој што некој од политичарите во Брисел сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет