Утрински Весник
Македонија

Забраната за движење во Тетово не ја почитувале две лица

Забраната за движење во Тетово не ја почитувале две лица

Тетово, 5 мај 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот 4 и 5 мај, евидентирано е дека на ова подрачје две лицa не ја почитувалe забраната за движење. Двете лица се лишени од слобода и ќе следуваат соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, истакнуваат од СВР Тетово.

– Според статистичките податоци на СВР Тетово, во изминатото деноноќие на 19 лица во тетовскиот регион издадени им се решeнија за изолација, а изјави за самоизолација потпишале 10 луѓе. Во овој период контролирани се 146 лица со решeнија за изолација и 45 лица со потпишани изјави за самоизолација, информира тетовската полиција.

За неносење заштитни маски писмено предупредени се шест лица. ас/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со „голф“ удрил во бетонски столб, повредени две лица

Три жени во Скопје нападнати од своите сопрузи во последните 24 часа

Во изминатото деноноќие уапсени 13 возачи низ Македонија