Ова е дел од тимот на Службата за итна медицинска помош во Скопје кој во саботата (06.06.2020) работеше 12 часовна смена од 7 наутро до 19 часот попладне услужувајќи огромен број граѓани на главниот град. Најголем дел од повиците беа од лица за кои се сомнева дека се заболени од ковид-19, болеста што ја предизвикува новиот коронавирус.
Овие луѓе се хероите, кои први доаѓаат во контакт со болеста и се жртвуваат себе си за да им помогнат на своите сограѓани. За жал, нивната саможртва ретко се споменува во медиумите и на социјалните мрежи.
Д-р Александра Пејовска

Сестра Азра Чајани

Сестра Марина Иловска

Сестра Силвана Михајловска

Сеад Абди, возач
