Утрински Весник
Спорт

Жорге Жесус: Алиоски е одлично засилување за Фенербахче

Тренерот на турскиот гигант Фенербахче, Жорге Жесус, изрази задоволство што го добил македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски како засилување во тимот. Алиоски дојде во Фенербахче на едногодишен заем од саудискиот клуб Ал-Ахли, а денеска првпат тренира со новиот тим.

dobivaj vesti na viber

„Добивме нов играч во тимот, тоа е Езѓан Алиоски, навистина квалитетен фудбалер, кој верувам дека ќе ни помогне многу во новата сезона. Наредните денови подобро ќе се запознаеме“, изјави Жорге Жесус.

Фенербахче утре игра со Словачка во квалификациите за Лига Европа, но Алиоски, очекувано, нема да биде дел од тимот.

Можете да прочитате

Арсенал и Баерн обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите

Заврши првата фаза на Европското првенство во ракомет

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен