Инстаграм акаунтот на Жозе Мурињо предизвикува огромно внимание во последно време, откако менаџерот на Тотенхем ја користи својата специфична смисла за хумор за коментари за секоја фотографија, и сега „Специјалниот“ признава дека на тоа го убедиле неговите спонзори.
Тој првично го затвори својот Инстаграм акаунт пред неколку години, но сега е полн со саркастични коментари, иако вели дека не им праќа пораки на своите играчи со тоа.
„Не, не е целта да се праќаат пораки до моите играчи, бидејќи тоа можам да им го кажам лично. Уште не сум вистински човек за Инстаграм по природа, и да бидам искрен, тоа го побараа моите спонзори. Тие сметаа дека го затворив акаунтот со неколку милиони следбеници и тоа не беше во ред. Сега го правам тоа. Малку по малку, навистина е смешно и не ми е проблем“, вели Мурињо.
Еве мал дел од неговите интересни фотографии:
Кога ќе победиш, а не си играл посебно добро:
View this post on InstagramWhen you win but you don’t play especially well @pfcludogorets1945
Лошите перформанси заслужуваат лоши резултати. Се надевам дека сите во автобусот се изнервирани како мене. Утре 11 часот, тренинг.
View this post on InstagramBad perfomances deserve bad results. Hope everyone in this bus is as upset as I am. Tomorow 11 AM training.
Уште еден лет, уште еден филм, уште еден меч од Лига Европа.
View this post on InstagramOne more flight, one more movie, one more @europaleague match @spursofficial
По голема победа во тежок меч. Знакот на времето.
View this post on InstagramAfter a great victory in a really hard match… Sign of the times ?? Well done boys #COYS
Три топки… Три гола кои ги примивме од Вест хем? Три фантастични гола кои им ги дадовме? Или 2 трофеи од Лига Европа кои ги имам в џеб, со трета за која ќе се борам?
View this post on Instagram3 balls… The 3 goals we conceded against West Ham? The 3 amazing goals we scored against them? Or the 2 Europa leagues I have in the pocket and the 3rd one I am ready to fight for?
View this post on Instagram@adidas
> Жозе стана Инстаграм ѕвезда, па призна дека спонзорите го убедиле <