Утрински Весник
Македонија

ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода ќе го реализира проектот „Растеме со кошарката“

ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода ќе го реализира проектот „Растеме со кошарката“

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА)ЖКК „Бадел 1862“ од Општина Кисела Вода, како авангарда на женската кошарка во земјава ќе го реализира проектот „Растеме со кошарката“. Целта на овој проект, како што информираат од Општината, е психосоцијална поддршка на кошаркарките во тимот, во насока на раст и развој на индивидуата и тимот како група.

Како што појасни Љупчо Павловски, тим менаџер на ЖКК „Бадел 1862“, работилниците ќе ги опфатат млади на возраст од 14 до 18 години. Тој појасни дека во нашата држава нашиот клуб е прв со ваков проект.

-Ние сме свесни дека психичкото и физичкото здравје се подеднакво значајни , така што поучени од светските трендови на големите спортски клубови, одлучивме да им овозможиме на нашите кошаркарки поддршка и од овој тип. Проектот ќе се одвива преку програма за раст и развој во области на интерес на младата популација, дискусии и креативни работилници, рече Павловски.

Реализацијата на програмата  ќе ја овозможат психолозите  Андријана Павловска Темелковска и Сандра Крстиќ, под менторство на искусниот училишен психолог и психотерапевт Ана Попризова.бт/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Полуматуранти направиле хаос во Струмица – Костадинов им нареди веднаш да го исчистат плоштадот

Власта нуди министер за здравство информатичар кој не знае ни колку болници има, вели Талески

СДСМ: Апсењето на Нацев е задоцнето, со жртвено јагне ВМРО-ДПМНЕ сака да ги спаси актуелните функционери