Утрински Весник
Македонија

Жител на неготинско Криволак осомничен за производство на марихуана

Dik 300x250 mk

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори казниво по Кривичниот законик.

Осомничениот 21-годишник, во дворот на куќата во која живеел во селото Криволак, општина Неготино, неовластено одгледувал 33 стебла од растението Cannabis Sativa, од кое со обработка се добива наркотична дрога – марихуана. Дополнителни четири стебла тој одгледувал и на парцела во близина на ЈП Исар во Штип, соопшти полицијата.

Јавниот обвинител, оценувајќи дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци доставил предлог за определување мерка притвор. Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Можете да прочитате

37-годишник осомничен за обид за убиство на сопствениот брат

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена

Новата работна недела ја почнуваме со многу повеќе сонце и со суво време