Утрински Весник
Македонија

Жител на Мала Речица фатен со 30.000 парчиња пиротехника

Жител на Мала Речица фатен со 30.000 парчиња пиротехника

Попладнево околу 17.30 часот, тетовската полиција во објект на улицата „Илинденска“, сопственост на 41-годишниот С.М. од Мала Речица, пронашла и одзела 27.594 парчиња разни пиротехнички средства.

Како што информираат од МВР, 41-годишникот е уапсен за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Одрон на патот Скопје – Велес, сообраќајот се одвива по една лента

ОЈО ГОКК: Две лица во 48-часовен притвор за случајот со марихуаната во Србија

Жерновски до Митева: Владата никако да каже дали парите за авион ќе ги пренасочи за минималната плата