Утрински Весник
Македонија

Жител на Добридол приведен за предизвикување на пожар во селото

Жител на Добридол приведен за предизвикување на пожар во селото

Во врска со пожарот во гостиварското село Добридол, кој е локализиран, полицијата вчера го лишила од слобода Н.Б. (34) од истото село.

Поради сомение дека го предизвикал пожарот, Н.Б. е приведен и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Ова е петто приведено лице во врска со сомненија за предизвикување пожари во последниве три дена.

Во текот на денешниот ден беа приведени по едно лице за пожарите во прилепско и радовишко, вчера за пожар во ресенско, а на 4 август беше лишен од слобода албански државјанин за пожарот над селото Пожаране во општина Врапчиште.

Во меѓувреме, полициски службеници постапуваат и во врска со двете осомничени лица за пожарот кај Блаце и во координација со Јавен обвинител за пожарот кај Старо Нагоричане.

Можете да прочитате

СДСМ: Цела Македонија во колапс, ВМРО ги изненади снег во јануари

ВРЕДИ: Ристов не е изолиран случај, “чадорот” на заробената правда се крши

(Фото) Неисчистен снег создава хаос низ Македонија – камион излета кај Росоман