Утрински Весник
Македонија

Жителка на Кичево нашла неексплодирана мина во подрумот од својот дом

МВР Билтен (ДПЛ)

Кичево, 29 мај 2020 (МИА) – Педесет и двегодишната В.М. од Кичево вчера во полициска станица пријавила дека на 24 мај во подрумските простории на нејзиниот дом пронашла неексплодирана минофрлачка мина, информираше Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Увид бил извршен во присуство на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, а мината била подигната и предадена во Дирекцијата за натамошна постапка, објасни Димоски. рз/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Вечерва бензинската пумпа на Макпетрол во Аеродром не точи никакво гориво

ВЛЕН на средба кај Курти во Косово

(Видео) Полициски специјалци спасија повредено лице од Шар Планина