Утрински Весник
Македонија

Жителите од дебарскиот регион ги почитуваат препораките од надлежните

Жителите од дебарскиот регион ги почитуваат препораките од надлежните
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Дебар, 18 март 2020 (МИА) – Жителите од општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше строго ги почитуваат препораките од надлежните со цел да се запре ширењето на коронавирус.

Фотографиите доволно потврдуваат за тоа, дека жителите од дебарскиот регион одлучиле да седат дома. Може да се види само по некое возило и ретко по некој граѓанин, кој е приморан да излезе за одредена потреба.

Центрите на Дебар, на Центар Жупа и на Ростуше се празни, не може да се види човек, посебно по 14 часот кога трговските дуќани се затвораат.

Во првите две општини има 24 заразени лица, од нив две во Центар Жупа, додека до сега не е регистрирано заразено лице или лице со симптом на коронаврус во Маворо и Ростуше. вт/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари