Утрински Весник
Македонија

Жителите на Ново Маало ангажираат правен тим за да ја осигураат изградбата на комплексот кај „Холидеј ин“

Жителите на Ново Маало поднесоа петиција: „Институциите да не ја кочат изградбата на комплексот“

Откако вчера поднесоа петиција до Владата и Општина Центар со која бараат во ниту еден случај да не се направи суспензија на планот за комплексот спроти „Холидеј Ин“, жителите на Ново Маало, најавуват мобилизација на правен тим во одбрана на, како што велат, нивните ставови.

„Досега делуваме конструктивно, но сега, уште еднаш повторуваме дека сме целосно подготвени да ги искористиме сите правни механизми за што и официјално започнавме правни консултации, доколку општината одлучи да го суспендира ДУП-от со кој сме засегнати“, се наведува во нивното соопштение.

Жителите се децидни дека правото на сопственост како уставно загарантирано право, на сопственикот му дава права имотот да го држи, целосно да го користи и да располага со него по своја волја.

„Уште еднаш укажуваме дека суспензијата ќе ни ги загрози правата кои ги наведуваме и заради тоа ќе поднесеме колективна тужба за претрпена штета од 1930 до 2021 година пред државните институции, но и до Стразбур. Како што наведовме и претходно, работиме и на пријава до Управна инспекција заради непостапување на општината“, посочуваат засегнатите жители и порачуваат дека до добивање конечен одговор по нивните тужби, ќе ги блокираат сите улици кои ја оградуваат парцелата.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче треба да престанат да ја кодошат Македонија и да измислуваат проблеми кои ги нема

Уставниот суд оформил 71 нов предмет во второто тримесечје од 2025

УХМР: Утре попладне наместа нестабилно, во среда и четврток ќе биде многу топло