Утрински Весник
Свет

Жителите на Мариупол го напуштаат градот

Жителите на Мариупол го напуштаат градот

Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, даде емотивна изјава по најавата за отворање на хуманитарен коридор од неговиот град.

„Мариупол не е улици и куќи“, рече тој. „Тоа се нејзините жители.

„Во услови на постојано, безмилосно гранатирање од страна на окупаторите, нема друг избор освен да им се даде на жителите можност безбедно да го напуштат Мариупол“, рече градоначалникот.

Локалните власти во Мариупол, град во источна Украина, соопштија дека прекинот на огнот ќе стапи на сила од 10 часот по московско време. Граѓаните имаат пет часа да го напуштат градот.

Во соопштението се наведува рутата по која цивилите ќе можат да го напуштат градот и три локации од кои ќе се врши евакуација со автобуси, пренесува РИА Новости. Можна е евакуација и со приватни автомобили. Строго е забрането отстапување од трасата на хуманитарниот коридор.

 

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени