Утрински Весник
Свет

Жителите на Донбас: Ситуацијата е застрашувачка

Жителите на Донбас: Ситуацијата е застрашувачка

Жителите на Донбас изјавија дека ситуацијата во тој украински регион е застрашувачка по руската воена акција во Украина.

Аркадиј, жител на градот Краматорск, рече дека се надева оти ситуацијата наскоро ќе се подобри.

Иако слушал повремени експлозии, заминал на работа.

Пред банкоматите чекаат голем број луѓе во редици за да подигнат пари, додека звуците на борбените авиони одекнуваат на небото.

Во меѓувреме, украинските власти ги повикаа граѓаните да останат дома и да не паничат.

Министерството за внатрешни работи на Украина соопшти дека руската инвазија започнала со ракетни напади во градот Киев.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рано утринава прогласи воена состојба во земјата.

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека наредил специјална воена операција во регионот на Донбас по неколкунеделното акумулирање на војници на украинските граници.

Можете да прочитате

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците