Утрински Весник
Спорт

Жирито му го додели златото на Ингебритсен

Жирито му го додели златото на Ингебритсен

Норвежанецот Јакоб Ингебритсен, кој беше дисквалификуван на трката, на 1.500 метри, на Еропското првенство во сала, со одлука на жирито сепак го освои златниот медал.

Жирито пресуди, дека Ингебритсен, кој на стартот од трката со една нога бил надвор од патеката, тога го направил бидејќи бил турнат од друг натпреварувач.

„Со овој инцидент тој не стекна никаква предност, инцидентот не влијаеше на трката и нејзиниот конечен резултат“, објави жирито.

20-годишниот Норвежанец победи со резултат 3:37.56 минути, пред Полјакот Марцин Левандовски (3:38.06) и Шпанецот Хесус Гомез (3:38.47).

За младиот Норвежанец ова е трет златен медал на ЕП. Ингебритсен на 18-годишна возраст победи на ЕП во Берлин во трките на 1.500 и 5.000 метри.

> Жирито му го додели златото на Ингебритсен <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027