Утрински Весник
Спорт

Живот на кредит во Барса – должат 126 милиони евра на 19 клубови за трансфери!

Живот на кредит во Барса – должат 126 милиони евра на 19 клубови за трансфери!

Финансиските проблеми на Барселона повторно се појавија во јавноста, откако финансискиот извештај на каталонскиот гигант потврди дека тие должат фантастични 126 милиони евра за трансфери на дури 19 клубови.

Од овој долг, огромна сума од 29 милиони евра е на Ливерпул, како дел од трансферот на Филипе Кутињо од пред три години, најголемиот во историјата на Блауграна. Барса плати 118 милиони евра од вкупната цена од 160 милиони евра одеднаш, додека остатокот го плаќаше на рати.

Покрај на Ливерпул, од поголемите суми, Барселона уште должи на францускиот Бордо 10 милиони евра за Малком, 8 милиони евра на бразилскиот Гремио за Артур Мело и 15.5 милиони евра на Ајакс за Френки де Јонг.

Финансиските проблеми на Барселона поради пандемијата на корона вирусот не се тајна, откако минатата недела тие побараа од повеќе големи шпански банки да се репрограмира нивниот долг за да се избегне банкрот, а шпекулациите велат дека долгот на клубот се доближува до магичната сума од милијарда евра.

Барса во економска криза, бара одложување на плаќањето на долговите

Долгот на Барселона се доближува до „магичната“ бројка од милијарда евра

> Живот на кредит во Барса – должат 126 милиони евра на 19 клубови за трансфери! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари