Утрински Весник
Економија

Живко Груевски, Еуромакс Ресоурцес: Време за акција и дела, а не за празни зборови и флоскули

Живко Груевски, Еуромакс Ресоурцес: Време за акција и дела, а не за празни зборови и флоскули

„Граѓаните од подогражденскиот регион сакаат и бараат подобра инфраструктура, заштита и подобрување на животната средина, креирање услови за спорт, еко-туризмот, развој на земјоделството, подобра едукација, опремување на училишта и институции, реконструкција на патишта и водоводни системи. Жителите од регионот масовно се одзваа на повикот на „Еуромакс ресорцес” за поддршка на локални проекти и иницијативи со конкретни идеи и предлог – проекти во овие области“, рече д-р Живко Груевски, директор за корпоративни комуникации во компанијата Еуромакс Ресоурцес, која го развива проектот за рудник за бакар “Иловица-Штука” на гостувањето во емисијата “Вис а Вис” емитувана на ТВ Вис од Струмица.

На прашањето за одлуката на компанијата да обезбеди интервентен буџет од милион евра, Груевски потенцираше дека сите чинители мора да покажат акција и дела, веднаш и сега, за подобрување на животот на жителите од струмичкиот регион.

“Ние сме спремни за соработка со граѓаните, невладините организации, општините и институциите и да обезбедиме наменски, интервентен фонд, надвор од другите наши вложувања и тоа во вредност од милион евра, со кој ќе поддржиме локални иницијативи и проекти за подобрување на животот на граѓаните” – кажа д-р Груевски.

Тој се осврна и на различниот тип проекти кои биле предложени до нив како компанија.

“На нашиот јавен повик, граѓаните масовно одговорија со испраќање многу различни идеи и предлог-проекти од областа на инфраструктурата, животната средина, спортот, еко-туризмот, земјоделството, едукацијата, опремувањето на училишта и институции, реконструкција на патишта и водоводни системи и слично. Веќе почнавме со реализација на некои од нив, како што беше и активноста од минатата недела, кога на десетина жени-претприемачки од струмичко дониравме механизација и додатни делови што ќе им користат во нивните активности од земјоделството и сточарството. Искрено се надеваме дека што поскоро ќе ги реализираме сите достапни средства од интервентниот фонд на компанијата за овој пост-ковид период“, потврди Груевски.

Во однос на оваа тема, Груевски заклучи: “Сите заедно можеме да го пребродиме овој кризен период, но за тоа се потребни акции и дела, а не разни флоскули, оправдувања и неетички зборови со кои разни самоуки експерти се спротивставуваат во реализирањето на потенцијално најголемата странска инвестиција во нашата држава, проектот за рудник на можности “Иловица-Штука”. Ние сме тука и подаваме рака да помогнеме и асистираме за побрзо да реализираме проекти кои ќе бидат од интерес на сите”

Целото интервју од гостувањето на д-р Живко Груевски на ТВ Вис можете да го погледнете на следниов ЛИНК.

(ПР-текст)

Можете да прочитате

Пад на продажбата на становите – најкапиот продаден стан е во Центар за 260.000 евра

Посета од претставниците на Федералните резерви на Њујорк на Народната банка за зајакнување на меѓународната соработка

Пилинг крема од кафе, играчки со сено, мед со лековити билки – избрани најдобрите зелени бизнис-идеи за 2025