Утрински Весник
Македонија

Жерновски учествуваше на 43-та Сесија на Советот за човекови права

Жерновски учествуваше на 43-та Сесија на Советот за човекови права

Скопје, 24 февруари 2020 (МИА) – Повикот за акција, имплементацијата на меѓународните норми на национално ниво, јакнењето на взаемната мултилатерална и билатерална соработка ќе придонесат за санкционирање на неказнивоста за секое кршење или повреда на меѓународното хуманитарно право, укажа заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски на 43-та Сесија на Советот за човекови права во Женева.

Тој, на конференцијата посветена на промоцијата на меѓународното хуманитарно право и справување со неказнивоста, ги реафирмираше заложбите на Република Северна Македонија за почитување, промоција и заштита на човековите права и слободи, како и за почитување на меѓународното хуманитарно право.

– Во дискусиите за време и по настанот, учесниците се осврнаа на широк спектар на теми од стратешко значење за Регионот и самата ЕУ. Беа разменети мислења околу заедничкиот влог и изгледите за скоро постигнување на консензус меѓу земјите членки на ЕУ за новата методологија за пристапни преговори, како и за усвојување одлука за почеток на преговори со Северна Македонија, соопштија од Министерството за надворешни работи. см/дма/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кај село Миравци пронајдена удавена жена

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава