Утрински Весник
Македонија

Жерновски: Се врати ВМРО-МВРО, одговорност од Чулев

Жерновски: Се врати ВМРО-МВРО, одговорност од Чулев

Скопје, 5 мај 2020 (МИА) – Како вчера да беше тоа горчливо чувство во нашите утроби кога ја слушнавме Гордана Јанкуловска како ја кажува вистината за начинот на кој таа и нејзината партија раководеа и владееја со Министерството за внатрешни работи, односно кога ВМРО и МВР функционираа како едно, напиша заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски на својот фејсбук профил.

Не помина многу време оттогаш, додава тој, за да сфатиме колку брзо можат истите злобни духови од минатото да се вратат на истото место.

– Можно ли е во самата ДНК на партијата да е потребата од злоупотреба на државните институции за свои партиски цели? Како е возможно за толку кратко време да се случат низа на скандали, чиј крај не се ни гледа? Завчера беше „отсјајот” од рацете на телохранителите на Мицковски, вчера беше упадот во магацинот на Заеви од каде се донираат хуманитарните пакети, денес е скандалот со снимање спот со педесетина полициски возила, пишува Жерновски.

Сите тези, посочува тој, дека Министерството, односно партијата се грижи исклучиво за здравјето и безбедноста на граѓаните паднаа во вода.

– Сред пандемија и полициски час да ги повлечеш возилата и полициските службеници, да ги оставиш улиците на Скопје празни и небезбедни за да си снимаш реклами пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, без никакви дилеми е штетен и суициден потег за кој мора да се одговара, наведува Жерновски на ФБ. мс/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сушниот и топол период продолжува во Македонија, постои опасност од појава на нови шумски пожари

Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин кој беше на лекување во Виена 

Мицкоски, Мисајловски и Агелер во посета на касарната „Јане Сандански“ – Штип