Утрински Весник
Македонија

Жерновски ги прими акредитивите од новоименуваните амбасадори на Куба и Египет

Жерновски ги прими акредитивите од новоименуваните амбасадори на Куба и Египет
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 11 март 2020 (МИА) – Заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски денеска прими копии од акредитивните писма од новоименуваните амбасадори на Куба и Египет, Каридад Јамира Кието Милиан и Халид Ибрахим Емара со седиште во Софија.

Жерновски, како што соопштија од неговиот Кабинет, изразил очекување дека пријателските односи меѓу државите ќе продолжат да се развиваат со засилена и продлабочена динамика во сите области од взаемен интерес.

На средбите биле разменети и мислења околу надворешно-политичките приоритети и состојбите во непосредното опкружување. Станало збор и за соработката на мултилатерален план, како и за потребата од регулирање на договорната состојба во области каде има интерес за продлабочување на соработката, особено на економски план. бак/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари