Утрински Весник
Македонија

Жерновски во посета на Општина Штип

Жерновски во посета на Општина Штип
Dik 300x250 mk

Штип, 27 март 2020 (МИА) – Во посета на Општина Штип денеска беше заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, информира градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

Тој вели дека на средбата е разговарано за актуелната состојба во државата со коронавирусот, за мерките кои ги преземаат на централно и локално ниво за спречување на последиците, како и за состојбата со повеќето наши граѓани кои деновиве треба да бидат вратени од Германија, после сите процедури кои ги спроведе МНР, а за кои, како што вели Бочварски, тој и општинската администрација лично се залагале.

– Општина Штип додели заштитни маски за потребите на МНР со што сакаме да излеземе во пресрет на нашите институции. Во овие тешки моменти за државата, со заменик министерот разговаравме за огромните успеси кои ги постигнавме како држава преку полноправното членство во НАТО алијансата и одлуката за отпочнување на преговори со ЕУ, вели Бочварски. вдј/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДКСК со повеќе изборни пријави – дел проследени до ЈО, дел затворени без прекршувања

МВР приведе лажен поп – мамел луѓе во тага на гробиштата во Ѓорче Петров и Волково

Мисајловски: Македонија во црвено – историска победа и голема одговорност за ВМРО-ДПМНЕ