Утрински Весник
Македонија

Женско рели по повод Меѓународниот ден на жената

Женско рели по повод Меѓународниот ден на жената
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 7 март 2020 (МИА) – По повод Меѓународниот ден на жената, Осми март, автомобилистичката федерација на Македонија (АФМ) и клубовите членки на АФМ денеска ќе го организираат популарното „Женско рели 2020“.

Како што наведуваат организаторите, свеченото отворање ќе почне во 10 часот, а првиот екипаж ќе почне во 10:30 од Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Учеството за сите екипажи е бесплатно, но ќе учествуваат со сопствено возило.

-Релито ќе се состои од два етапи. Првата етапа е возење по патна книга со зададено максимално време и задолжително поминување на контролни точки низ улиците во Скопје. Втората етапа е брзински испит во вешто возење т.н. гимкана кој ќе се одржи кај Спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје, соопшти АФМ.

Според правилникот, учесничките ќе бидат поделени во четири класи во зависност од кубикажата на возилата. За сите учеснички, од АФМ наведуваат дека се предвидени изненадувања и награди од организаторот и покровителите на манифестацијата, а за најдобрите по класи ќе има свечено прогласување во ресторанот Ден и ноќ.

Најавено е учество на десетина возила од Косово. бт/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Зимзоленд вечерва затворен за посетители по интервенција на МВР и Општина Аеродром

ДУИ избра нови претседатели на ограноци и партиски функции

Тетовчанец измамен за сума од 3.000 евра преку социјалните мрежи