Утрински Весник
Македонија

Жени од Македонија, Албанија и Косово пронајдени во угостителски објект, сопственикот осомничен за трговија со луѓе

Жени од Македонија, Албанија и Косово пронајдени во угостителски објект, сопственикот осомничен за трговија со луѓе

Десет женски лица од Македонија, Албанија и Косово биле пронајдени во угостителски објект во село Добридол, Гостивар. Сопственикот на објектот и жените се уапсени поради основано сомнение за извршено кривично дело трговија со луѓе.

Инспектори од Министерството за внатрешни работи врз основ на писмена наредба од судија извршиле претрес во угостителски објект и други помошни простории сопственост на Р.Б.(46) од с. Добридол, поради основано сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

При извршениот претрес во угостителскиот објект биле затекнати десет женски лица на возраст од 21 до 39 години од кои три државјанки на Македонија, шест државјанки од Албанија и една од Косово, кои заедно со сопственикот на угостителскиот објект Р. Б. биле приведени и задржани во полициска станица Гостивар поради основано сомнение за извршено кривично дело трговија со луѓе.

Против нив по завршување на постапката ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Николоски: Се надевам во новиот бран на оптимизам за проширување дека неколку поголеми и помоќни земји на ЕУ ќе се согласат и ќе извршат притисок врз Бугарија да не нè блокира

Николоски: Кога бевме опозиција отворив толку корупциски случаи, не може ова правосудство да не може да процесуира ништо

Битиќи: Власта ја ограничува мобилноста на граѓаните со високи трошоци за зелен картон