Утрински Весник
Македонија

Жена фрлила плинска боца од балкон во Дебар, изгореа авомобили

Две возила се опожарени кога жена фрлила плинска боца од балкон на паркинг пред нејзината зграда.

dobivaj vesti na viber

Од МВР информираат дека опожарен бил и балконот на улицата 8 септември во Дебар.

Се работи за 70-годишна жена, а настанот се случил вчера.

„На 20 август во 11.20 часот во ОВР Дебар пријавено е дека Б.Б.(70) од Дебар, поради невнимателно ракување со плинска боца, предизвикала пожар на балконот од станот лоциран на улицата „8 септември“ во Дебар а потоа, боцата ја исфрлила на паркинг простор пред зградата. Притоа, биле опожарени патничките моторни возила „опел корса“ и „мерцедес“. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Дебар а увид на местото извршила полициски екипи“, соопшти МВР.

Можете да прочитате

Македонец лежи затвор за учество во војната во Украина – РСЕ го посети во „Идризово“

Шукова: Мицкоски живее во паралелен свет каде горењето отпад не загадува

Костадинов: Егзит останува во Струмица