Утрински Весник
Свет

Жена во Индија обвинета за прељуба, била принудена да шета гола низ селото

Жена во Индија обвинета за прељуба, била принудена  да шета гола низ селото

Жена во Индија била принудена да се соблече и за казна била присилена да прошета низ селото гола затоа што му се вратила на сопругот по наводната повеќемесечна врска со друг маж, објавија денес локалните власти и медиумите.

Жената била спасена од полицијата во сојузната држава Западен Бенгал.

“Уапсивме тројца главни осомничени и го истражуваме инцидентот. Веројатно наскоро ќе има уште апсења”, рече шефот на локалната полиција.

Според медиумите, 35-годишната жена го напуштила селото шест месеци порано, наводно со својот љубовник.

Кога се вратила во домот на нејзиниот сопруг, некои селани ја испрашувале каде била, по што направиле импровизиран суд за да одлучат за нејзината судбина, пишуваат медиумите.

Кога не можела да го оправда своето отсуство, жената била наводно извлечена од куќата од страна на некои селани и претепана.

Политичарите на владејачката партија го нарекоа инцидентот „варварски“. Жената се уште е во шок и е во болница под медицински надзор.

Во индиските села и племенските области, не е невообичаено жените за кои се смета дека се занимаваат со магии или имаат вонбрачни активности, да бидат казнувани со присилно соблекување и да шетаат голи.

Некои жени се понижувани и од други причини, како на пример поради неплатени заеми и слично.

Можете да прочитате

Новата рунда трилатерални преговори со Русија и САД ќе се одржи на 4 и 5 февруари во Абу Даби

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција

Трамп: Најновите документи за Епстин ме ослободуваат од обвинувањата