Утрински Весник
Свет

Жена бара развод затоа што сопругот премногу ја сака и никогаш не се кара со неа

Жена бара развод затоа што сопругот премногу ја сака и никогаш не се кара со неа

Муслиманка од Индија побарала развод од шеријатскиот суд затоа што нејзиниот сопруг премногу ја сака, пренесува „Одити централ“.

Неидентификувана жена од индискиот округ Самбал во сојузната држава Утар Прадеш се обратила до шеријатскиот суд за да побара развод од нејзиниот сопруг со кого е во брак 18 месеци.

На прашањето да го објасни своето барање, жената рекла дека нејзиниот сопруг ја сака премногу и никогаш не се скарал со неа и таа не може да го прифати тоа. Исто така  нејзиниот сопруг готвел и чистел и и помагал во разни домашни работи. Обраќајќи му се на судот, таа рекла дека и е доста и побарала од судот да стави крај на нејзиниот брак.

„Не ми вика и никогаш не ме налутил. Дури ми готви и ми помага во домашните работи“, рекла незадоволната жена. „Кога и да погрешам, тој секогаш ми простува. Сакав да се расправам со него. Не ми треба живот во кој сопругот се согласува со мене за сè.“

Откако ја ислушале, збунетите свештеници од шеријатскиот суд веднаш го одбиле нејзиното барање, кое тие го опишале како несериозно, и побарале од двојката да ги реши своите несогласувања самостојно. Но, жената не застанала тука. Откако нејзиното барање за развод било одбиено, таа им се обратила на членовите на локалниот совет, но тие исто така одбиле да се мешаат во нејзиниот брак.

Според локалните медиуми, сопругот на жената изјавил дека не сторил ништо лошо, туку само сакал да биде совршен сопруг.

 



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта

Пожар во фабрика за воена опрема во Русија

Aвион на DHL се урна врз двокатна куќа во Литванија