Утрински Весник
Спорт

Ждрепка за осминафиналето на Лига Европа

?

Нион, 28 февруари 2020 (МИА) – Откако скоро сите осминафиналисти во Лига Европа веќе се јасни (последниот ќе стане јасен вечерва), ждрепката за натпреварите од оваа фаза на турнирот ќе биде извлечена денес од 12 часот по македонско време во Нион.

Во игра останаа неколку големи европски клубови. Во борбата за трофејот останаа екипи како Интер, Манчестер Јунајтед, Волверхемптон, Рома, Севиља, Баер Леверкузен и Волфсбург.

За разлика од 1/16-финалето, нема да има носители и неносители, ниту ограничување на ривалите од иста земја.

Дуелите ќе бидат во два натпревари, при што првите натпревари се закажани за 12 март, а реваншот за 19-ти.

Дуелите традиционално ќе започнат во 18:55 часот или 21 часот по македонско време.

Ждрепката за 1/4-финалето и 1/2-финалето ќе се одржи на 20 март.

Сите учесници во 1/8-финалето на Лига Европа:

Базел (Швајцарија)
Копенхаген (Данска)
Хетафе (Шпанија)
Интер (Италија)
Истанбул Башакшехир (Турција)
ЛАСК (Австрија)
Баер (Леверкузен) (Германија)
Манчестер Јунајтед (Англија)
Олимпијакос (Грција)
Ренџерс (Шкотска)
Рома (Италија)
Севиља (Шпанија)
Шахтјор (Доњецк) (Украина)
Волфсбург (Германија)
Волверхемптон (Англија)
Ајнтрахт (Франкфурт) (Германија) / Салцбург (Австрија) – што ќе се игра денес



Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига