Нион, 28 февруари 2020 (МИА) – Ждрепката за 1/8-финалето на Лига Европа беше извлечена денес. Таа одреди тимотна Интер, кој е посочен од букмејкерите за голем фаворит за трофејот, да се исправи против изненадувањето во Ла Лига оваа сезона – Хетафе.
Друг главен кандидат – Манчестер Јунајтед, ќе игра против австриски ЛАСК, кој стигна до елиминациите уште при своето деби во групната фаза на турнирот.
Петкратниот шампион Севиља, пак, ќе има сериозна пречка пред Рома.
Ждрепка за 1/8-финалето на Лига Европа:
Истанбул Башакшехир – Копенхаген
Олимпијакос – Вулверхемптон
Ренџерс – Баер Леверкузен
Волфсбург – Шахтјор Доњецк
Интер – Хетафе
Севиља – Рома
Ајнтрахт / Салцбург – Базел
ЛАСК – Манчестер Јунајтед.