Утрински Весник
Македонија

Жбогар: Охридското Езеро треба да го зачувате за идните генерации, а не да го уништите

Жбогар: Охридското Езеро треба да го зачувате за идните генерации, а не да го уништите

Амбасадорот на Европската Унија, Самуил Жбогар му даде поддршка на градоначалникот Константин Георгиевски во справувањето со дивоградбите во Охрид. Тој упати и апел до жителите дека предците не го оставиле Охридското Езеро за тие да го уништуваат. Евроамбасадорот Жбогар посочи дека справувањето со нелегалните градби, ќе покаже дали има владеење на правото.

„Во Охрид сум за да помогнам самиот град да го задржи статусот на УНЕСКО, меѓутоа и да се заштити тој статус т.е. Охридското Езеро. Јас разбирам и гледам дека има поединци во Охрид и околината на градот кои што не се грижат за статусот УНЕСКО кој градот ги има, туку на прво место им се приватните интереси. Верувам дека мнозинството од граѓаните во Охрид навистина се грижат за зачувување и заштита на Езерото за идните генерации. Вашите предци не ви го оставија градот Охрид, ниту Охридското Езеро за вие да го уништите, туку да го оставите за идните генерации. Јас разбирам дека има луѓе во Охрид кои веруваат дека УНЕСКО статусот не донесе никаква дополнителна вредност за градот“, кажа Жбогар.

Евроамбасадорот очекува градоначалникот и Општина Охрид да го спроведуваат законот и да ги отстранат нелегалните градби.

„Главната цел на мојата денешна посета во Охрид е да ја дадеме нашата поддршка на градоначалникот Георгиевски и општината за нивните напори да го спроведуваат законот против нелегални градби. Исто така, да ги поддржиме напорите на градоначалникот да спроведе владеење на правото. Од другата страна, прашањето на нелегалните градби и прашањето на узурпација на самите плажи е прашање кое што е поврзано директно со владеењето на правото. За нас, како Европска Унија, прашањето за владеењето на правото е една од главните вредности, една од најсветите вредности и ние во овој контекст очекуваме дека една земја која ќе започне преговори со ЕУ, да ги сподели истите вредности“, додаде Жбогар.

Тој најави и поддршка за изготвувањето на стратегијата за развој на туризмот, со чија помош жителите ќе можат да се продолжи туристичката сезона во Охрид.

„Со градоначалникот зборувавме и за неговите планови за да се изготви Стратегија за развој на туризмот. Ние како ЕУ сме спремни да ги поддржиме тие напори за да се изготви таа стратегија. Европската Унија е подготвена да помогне и во спроведување на стратегијата. Се разбира, со цел да се привлечат повеќе туристи во Охрид, да потрошат повеќе пари и да се даде друга можност за развој и продолжување на туристичката сезона кои ќе им помогне на граѓаните да живеат тука наместо да мигрираат“, потенцираше тој.

Текстот Жбогар: Охридското Езеро треба да го зачувате за идните генерации, а не да го уништите е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Царинска управа: спречен шверц на цигари, облека и хардверски делови, како и нелегален влез на илегални мигранти од Иран и Сиера Леоне

ВМРО-ДПМНЕ: Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија и ги направи најголемите национални предавства 

Трајчулески: Тоа што Мицкоски е разочаран од Конгресот е добра вест за СДСМ