Утрински Весник
Спорт

Жалбата на Манчестер сити за забрана на настап во ЛШ може да биде одложена

Жалбата на Манчестер сити за забрана на настап во ЛШ може да биде одложена

Лозана, 14 март 2020 (МИА) – Ситуацијата со жалбата на Манчестер сити за исклучување од европските натпреварувања останува неизвесна. Судот за арбитража за спорт (КАС) може да го одложи разгледувањето на случајот „Мачестер сити“ заради ситуацијата со коронавирусот.

Судот во Лозана планира да разгледа 16 случаи пред 18 мај, но жалбата на клубот од Манчестер сè уште не е на списокот. КАС веќе презакажа три случаи.

Манчестер сити соопшти дека сè уште нема добиено никакви извештаи од КАС за ефектот на коронавирусот врз процесот на жалба.

За потсетување, Манчестер сити во февруари, доби две години суспензија од европските натпреварувања поради кршење на правилата за финансиски ферплеј. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари