Утрински Весник
Магазин

Ејдан Тарнер меѓу тројцата фаворити за следен 007

Ејдан Тарнер меѓу тројцата фаворити за следен 007

Шансите Ејдан Тарнер да биде именуван за нов Џејмс Бонд се зголемија во изминатите неколку дена, што е навистина интересна вест бидејќи претходно не беше спомнат како можен наследник на Даниел Крег.

Тарнер е омилен избор на фановите за да ја преземе улогата веќе некое време.

Ирскиот актер се прослави како Рос Полдарк во драмската серија „Полдарк“, адаптација на „Би-би-си“ на истоимените романи напишани од Винстон Греам.

Според OddsChecker, Тарнер сега е третиот фаворит за улогата на Џејмс Бонд имајќи предвид дека Даниел Крег реши да се повлече од серијалот.

Пред неколку месеци, Тарнер не беше ниту во првите десет актери кои најверојатно ќе го носат смокингот на омилениот британски агент Џејмс Бонд.

Можете да прочитате

Храната што го штити мозокот и го намалува ризикот од деменција

Песната „Параходот“ го најавува јубилејниот концерт „40 години Горан Таневски”

Креаторката на првата ВИ-глумица одговори на критиките од Холивуд: Нема да ви ја украдат работата