Утрински Весник
Македонија

Ефтимов: Измените за судиите и јавните обвинители да бидат тргнати од Законот за работни односи

На Комисијата за труд и социјална политика денеска се наоѓа Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи, поднесен од група пратеници од парламентарното мнозинство. Се работи за низа измени кои според Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се крајно проблематични и дискриминаторски, изјави Дајанчо Ефтимов, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

„ Со измените се предвидува на судиите и јавните обвинители да им се овозможи работниот однос, односно мандатот да може да се продолжи од страна на Судскиот совети и Советот на јавни обвинители и после 64 години за мажи и 62 години за жени, до наполнување на 67 години возраст на судијата или јавниот обвинител. Со овие измени се отвора можност за класификација на судиите и јавните обвинители на подобни и неподобни, послушни и непослушни како и можност за уште поголема и подлабока партизација на судството“ рече Ефтимов.

Според стандардите на Европската Унија, вели тој, бројот на судии во однос на бројот на население во Македонија е голем.

„ Дополнително, сите овие измени за судиите и јавните обвинители во овој закон, СДСМ се обидува да ги протне во сенка на измените кои се однесуваат на недела неработен ден кои се дел од истиов предлог закон и каде се направени измени кои што ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ посочувавме уште кога се носеше законот.

Овие позадински игри на СДСМ и ДУИ не се првпат и во овој случај кога функционира активната блокада од ВМРО-ДПМНЕ, измените кои се однесуваат за судиите и јавните обвинители се обидуваат да ги протнат преку измените за недела неработен ден“ обвини Ефтимов.

Тој најави дека ќе ги блокиранат сите законски решенија кои што се штетни за граѓаните и државата.

Бараат измените кои се однесуваат за судиите и јавните обвинители да бидат тргнати од овој предлог закон, со што, како што рече, како пратеничка група ќе дадат придонес за измените кои се однесуваат за недела неработен ден.

Можете да прочитате

ЦУК: Два активни пожари, изгаснати 18, еден ставен под контрола

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици по сите предмети

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, ќе се знае до крајот на јули – во игра се Ралев и Шукова