Утрински Весник
Свет

ЕУ ќе добие 12,5 милиони дози вакцинa на Фајзер и Бајонтек до крајот на годината

ЕУ ќе добие 12,5 милиони дози вакцинa на Фајзер и Бајонтек до крајот на годината
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Бајонтек и американскиот производител на лекови Фајзер ќе испорачаат 12,5 милиони дози од својата вакцина против Ковид-19 во Европската Унија до крајот на годината, соопшти германската компанија.

Тоа е повеќе од половина од 20 милиони дози што се очекува да бидат испратени во САД пред крајот на годината, рече директорот за дистрибуција на Бајонтек, Шон Марет.

Со две дози вакцини дадени на растојание од три недели, испораките во Европската унија ќе бидат доволни за вакцинирање на 6,25 милиони луѓе, бидејќи компаниите се подготвуваат да ги испратат првите вакцини по одобрувањето на регулаторот.

Земјите членки на ЕУ кои сакаат вакцина ќе ја добијат во рок од пет дена, рече Марет на брифинг.

Германската биотехнолошка компанија планира да започне со производство во февруари на нејзината локација во Марбург, Германија, рече финансискиот директор Сиерк Петинг.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

СЗО: Од алкохол во ЕУ умираат 800.000 луѓе годишно

Екстремен студ на северот од Русија и Канада, затворени се училишта и градинки

Поплави во Шпанија, има мртви и исчезнати