Утрински Весник
Свет

ЕУ: Јасно им ставивме до знаење на Белград и Приштина

ЕУ: Јасно им ставивме до знаење на Белград и Приштина
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

ЕУ јасно стави до знаење дека Приштина и Белград нема да склучат посебни или делумни договори, како што претходно се случуваше во Брисел, пишува Косово онлајн.

Сеопфатниот договор ќе биде потпишан дури откако ќе се постигне договорот за сите теми, јавува „Газета експрес“.

Портпаролката на ЕУ, Набила Масрали изјавила дека дијалогот, во кој таа посредува, ќе заврши со сеопфатен договор само кога ќе се решат сите проблеми меѓу Приштина и Белград, доволно за да се потпише конечен договор.

„ ЕУ, како посредник во дијалогот, ќе соработува со страните на сеопфатна нормализација на односите меѓу Косово и Србија, решавајќи ги сите нерешени прашања“ рекла портпаролката на ЕУ за „Газета експрес“.

За време на речиси децениските разговори во ЕУ, претстсвниците на Косово и Србија потпишаа низа договори, кои не се спроведени. Зборувајќи за конечниот договор, таа наведува дека ЕУ очекува и да се применуваат претходните договори.

„ ЕУ и сите нејзини држави членки очекуваат дека двете страни ќе ги имплементираат сите договори постигнати во минатото. Нерешените прашања во претходните договори ќе бидат решени паралелно во преговорите за сеопфатен договор“ се наведува во одговорот на ЕУ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп

Нетанјаху и Трамп му дадоа рок на Хамас за разоружување

Несреќа со жичарница во Италија