Утрински Весник
Свет

ЕУ: Филмовите и ТВ-содржините од Велика Британија закана за европската култура

Велика Британија ја отстрани Португалија од зелената листа на дестинации

ЕУ се подготвува да реагира против непропорционалната британска телевизиска и филмска содржина прикажана во Европа по Брегзит.

Велика Британија е најголем европски производител на филмски и ТВ програми, вреден 1,4 милијарди фунти од продажба на меѓународни права, но неговата доминација е опишана како закана за европската културна разновидност во внатрешниот документ на ЕУ до кој имал пристап британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова прашање, како што пишуваат британските гласила, најверојатно ќе биде ставено на списокот за разгледување заедно со останатите точки за кои владее голема напнатост во односите меѓу ЕУ и Велика Британија откако оваа земја ги напушти единствениот пазар и царинската унија, вклучително и споровите околу продажбата на британски колбаси во Северна Ирска и издавањето на дозволи за риболов.

Според директивата на ЕУ за аудиовизуелни медиумски услуги, повеќето емитувани програми мора да имаат 30 проценти европски содржини на телевизијата на една европска земја.

Земјите како Франција, отидоа подалеку, поставувајќи квота од 60 проценти за европска содржина.

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд