Утрински Весник
Свет

ЕУ-став: Да се олеснат ограничувањата за патување и да не се тестираат вакцинираните лица

ЕУ-став: Да се олеснат ограничувањата за патување и да не се тестираат вакцинираните лица

Европската комисија им предлага на земјите членки постепено во текот на летото да ги олеснат ограничувањата за патување.

Европската комисија исто така предложи дека луѓето кои биле вакцинирани не треба да бидат предмет на понатамошно тестирање за Ковид-19, ниту пак на мерки за карантин.

„Она што денес го предлагаме е, прво, да нема тестирање или карантин во врска со патувања за целосно вакцинирани или оздравени лица. Ова е веќе практика во многу земји членки и треба да биде независно од тоа од каде патувате или каде патувате. Предлагаме заедничко разбирање за целосно вакцинираните лица во контекст на патувањето. Тоа значи, 14 дена откако лицето ја примило последната доза“, рече на прес-конференција Дидие Рејндерс, европски комесар за правда.

Советот на Европската Унија ја усвои препораката на Европската комисија за отворање граници за вакцинирани граѓани и олеснување за влез на граѓани од трети земји.

Од пред неколку недели, на државјаните на трети земји им е дозволено да патуваат во Европската Унија, доколку примиле вакцина на „Фајзер“, „Астразенека“, „Џонсон и Џонсон“ или на „Модерна“.

Кога станува збор за кинеската вакцина на „Синофарм“ и руската „спутник В“, државите сами ќе одлучат дали ќе прифатат лица вакцинирани со тие вакцини.

Можете да прочитате

Сибирски студ ја зафати Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата

Катедралата „Нотр Дам“ повторно се отвора денеска: поминаа пет години од разорниот пожар

Шпигел: Германското Министерство за одбрана купува четири подморници за 4,7 милијарди евра